Охриѓанецот во редовите на Работнички, Кире Маркоски постигна три погодоци во победата на неговата екипа 6-2 на гостувањето кај Ренова.

Репрезентативецот до 18 години мрежата на „гиспарите“ ја тресеше во 20-та, 46-та и 56-та минута и го комплетираше првиот хет трик за „романтичарите“.

Брегалница е се поблиску од опстанок во Првата македонска фудбалска лига откако со 3-1 го совлааа тимот на Напредок. Еден од трите погодоци постигна Ристе Маркоски и стигна до четвртиот гол сезонава во дресот на штипските сини.

Резултати : Металург – Вардар одложена, Ренова – Работнички 2-6, Македонија ЃП – Шкендија 1-3, Напредок – Брегалница 1-3, Гостивар – Х. Турново 1-2, Пелистер – Еуромилк.

Табела : Работнички 53, Турново 50, Пелистер 50, Вардар 48, Металург 47…

Мх.П.