Брегалница со големи три бода се враќа од гостувањето во Тетово. “Сините“ за кои стандардно настапува охриѓанецот Сашо Ѓорески со убедливи 3-0 ја совладаа Шкендија. Херој на штипјани беше Митров кој ги постигна трите погодоци за “сините“.
Дербито на колото помеѓу Металург и Хоризонт Турново заврши без победник 1-1. Во последниот натпревар од 14-та рунда Вардар ја совлада Ренова со 3-0.
Хоризонт Турново останува лидер во елитата со 29 бодови додека Напредок и Брегалница со победите се зацврстија на средината од табелата.