Фудбалерите на Вардар освоија значајни три бодови во скопското дерби со Шкупи забележувајќи минимална победа од 1-0, полувреме (0-0) во рамките од петтата рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Дерби пресметката на Националната арена „Тодор Проевски“ го реши киксот на гостинскиот голман Кристијан Наумоски. Чуварот на мрежата на Шкупи во 52-та минута не реагираше најдобро при ударот од Матеј Цветаноски и топката заврши во мрежата.
Скопските „црвено црните“ кои започнаа последни со подготовки полека се екипираат и добиваат лик на стабилен состав кој допрва ќе се надоградува.
Резултати:
Борец – Академија Пандев 2-0
Пелистер – Македонија ЃП 0-0
Ренова – Работнички 0-1
Вардар – Шкупи 1-0
Табела: Шкендија 11, Силекс 10, Шкупи 10, Работнички 8, Борец 8, Струга ТЛ 7, Македонија ЃП 7, Вардар 7, Пелистер 6, Ренова 5, Академија Пандев 3, Беласица 0
OhridNews
Фото: Гол.мк