Скопски Работнички со минимален триумф (1-0) на гостувањето кај Академија Пандев во Струмица ги отвори мечевите од втората полусезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Романтичарите“ трите бодови во мечот кој се одигра во снежни услови ги освоија со еден постигнат погодок во мрежата на противникот. Голманот на Академија Пандев, Марко Јовановски не ја расчисти опасноста најдобро, а „поклонот“ го искористи Стојкоски кој топката ја смести во празната мрежа. „Пандевци“ не успеаја да се соземат од негативата, но и временските услови не дозволија простор за допадлив фудбал.
Киксот на голманот Јовановски и погодокот на Стојкоски, кој го одлучи победникот.
Првата рунда од втората етепа ќе се комплетира утре, со мечевите Вардар – Пелистер, Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров, Силекс – Шкендија, Борец – Шкупи, Ренова – Беласица.
OhridNews