Со одигрувањето на 11-то коло во првата македонска фудбалска лига се затвори првата третина од шампионатот.


Изненадувањето на сезоната се вика Хоризонт Турново кои се лидери на табелата со 22 бодови пред Вардар (21), Шкендија (21) и Металург (19 бодови). Турновци минатата сезона преку баражот обезбедија прволигашки престој, за во новота да се топ тема во елитното друштво.


Разочарување по единаесет одиграни натпревари се Работнички и Ренова кои се наоѓаат на осмото и деветто место на табелата. Амбициите на овие два стабилни прволигаши не се само опстанување во лигата него титула и пласман во евро куповите. Но едно се желбите, друго се можностите.

Охридската колонија Напредок плени со својата едноставност во играта. Резултатите од досегашниот тек на првенството одат во прилог на охриѓанецот на клупата од кичевчани Драган Бочевски. По единаесет натпревари “сините“ со шест победи и едно реми имаат 19 бодови.

Дрита (16) и Брегалница (14 бодови) лебдат на средината од табелата. Главни кандидати за збогување од прволигашката елита се Тетекс и Силекс кои сега заостануваат шест односно осум бодови зад десетто пласираниот Пелистер.

Табела :

Место Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 same Хоризонт Турново 11 6 4 1 15:9 22
2 same Вардар 11 6 3 2 24:9 21
3 same Шкендија 79 11 6 3 2 22:12 21
4 same Металург 11 6 1 4 14:10 19
5 same Напредок 11 6 1 4 13:12 19
6 same Дрита 11 4 4 3 15:16 16
7 same Брегалница 2008 11 4 2 5 10:10 14
8 same Работнички 11 4 2 5 18:21 14
9 same Ренова 11 4 2 5 13:18 14
10 same Пелистер 11 3 3 5 11:14 12
11 same Силекс 11 2 2 7 9:17 8
12 same Тетекс 11 1 1 9 6:22 4

Мх.П.