Фудбалерите на Струга Трим Лум, освоија големи три бодови во Скопје победувајќи го составот на Работнички со 2-1 (1-0) на почетокот од вториот круг во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани, со триумфот комплетираа двојна победа против Работнички, ставија точка на серијата од седум мечеви без победа, а и го скршија мразот на гостински терен откако на претходните мечеви нижеа само порази.

Позитивните работи за Струга ТЛ во Скопје ги најави Клисман Цаке кој погоди со глава во мрежата на Работнички. Тој резултатот беше аткивен до крајот на првиот дел.

На стартот од второто полувреме, Работнички го изедначи резултатот после погодокот на Давид Тошевски. Струга ТЛ не потклекна пред притисокот кој го направи домашниот состав и повторно успеа да поведе. Стрелец на голот за ново водство беше Флоријант Османи.

Работнички, очекувано, фрли се на една карта а најзрелата шанса за реми ја имаше Петар Петкоски. Фудбалерот на Работнички не реализираше од белата точка, откако голманот на „црвено белите“ Урош Ѓуриќ ја прочита неговата намера.

Стружани во следната рунда на домашен терен ќе ја пречекаат Ренова.

Резултати:

Македонија ЃП – Вардар 1-1

Работнички – Струга ТЛ 1-2

Силекс – Ренова 3-0

Борец – Шкупи 2-1

Шкендија – Академија Пандев 0-1

Табела: Вардар 21, Академија Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 13, Ренова 13, Силекс 12, Шкендија 11, Струга Трим Лум 11, Борец 11, Работнички 10

OhridNews