Кичевчани два пати имаа предност, но не успевеаа да се одбранат од нападите на “црвено црните“ и мораа да се задоволат со бод од тешкото гостување.
Избраниците на охриѓанецот Драган Бочески поведоа во 9-та минута преку Балажи од белата точка. Прво изедначување донесе Неџипи во 31-та минута од слободен удар.
Три минути подоцна Симоноски го враќа Напредок во предност сега 2-1. Бедемот пред голот на одличниот Пашовски попушти на десет минути до крајот до натпреварот кога Ејупи ги постави конечните 2-2.
Резултати : Шкендија – Напредок 2-2, Пелистер – Тетекс 2-1, Силекс – Ренова 1-0, Металург – Работнички 2-1, Брегалница – Турново 1-1, Дрита – Вардар одложена.
Табела : Вардар 32 бодови (-1), Х. Турново 32, Металург 30, Напредок 30, Шкендија 29, Брегалница 24, Дрита 23, Ренова 20, Пелистер 18, Работнички 18, Силекс 15, Тетекс 9.