Само 15 минути им беа доволни на “гипсарите“ да го разбијата бедемот на Работнички и да прокнижат три бодови во првенството.
Се почна од 39-та минута кога фудбалерот за врска, Силјаноски го отвори резултатот. Пред крајот на првиот дел Ристов зголеми на 2-0 додека во 54-та минута Гафури погоди за недостижни 3-0. Почесниот погодок за “романтичарите“ го постигна корпулетниот Ступиќ.
Во вечарашниот термин 19:30 часот Вардар со 3-0 ја совлада Брегалница. Дефанзивците на “црвено црните“ Мирослав Вајс и капитенот Милан Илиевски им ја зедоа работата на напаѓачите и го скршија бедемот од голот на штипјани. Конечните 3-0 ги постави Ацо Стојков на стартот од вториот дел.