Екипата на Ренова ги однесе бодовите од Охрид, победувајќи ја прилепска Победа со 2-0 во 18-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
„Гипсарите“, до трите значајни бодови стигнаа благодарание на капитенот, Арџент Гафури кој мрежата на прилепчани ја погоди во 83-та и 90-та минута од натпреварот.
Во првото полувреме само голови недостасуваа на „Атина Бојаџи“. Прво се закани Победа, потоа Ренова која ја погоди стативата, а пред финишот домаќините имаа уште еднаш шанса за гол, но нереализираа.
Со триумфот во Охрид, фудбалерите на Ренова се зацврстија на средината од табелата, додека после поразот Победа остана во опасната зона за испаѓање.
Резултати: Победа – Ренова 0-2, Шкендија – Пелистер 1-0, Вардар – Силекс 1-1, Брегалница – Работнички 0-0, Шкупи – Македонија ЃП 0-2.
Табела: Вардар 41, Шкендија 37, Пелистер 29, Работнички 28, Силекс 24, Ренова 23, Шкупи 16, Победа 15, Македонија ЃП 15, Брегалница 11.
Фотогалерија:
Финишот кобен за прилепчани во Охрид.
OhridNews