Со два погодоци во самиот финиш од мечот избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески го совладаа составот на Македонија Ѓорче Петров 2-1.
Фортуната на „зелено белите“ им се насмевна во 88-та и 89-та минута кога преку Ковачев го изедначија, а со погодокот на Воденичаров ги осигураа трите бода.
Победи во 23-та рунда од Првата македонска фудбалска лига забележаа и Металург, кој со 2-1 го совлада Хоризонт Турново и Гостивар шокирајќи ја Ренова со 1-0 во Тетово. Колото ќе се комплетира со дербито на „Филип Втори“ меѓу Вардар и Шкендија.
Табела : Турново 41, Работнички 41, Пелистер 41, Вардар 38 (-1), Металург 37, Ренова 31, Еуромилк ГЛ 30, Брегалница 29, Шкендија 27 (-1), Македонија ЃП 22, Напредок 14, Гостивар 14.
Мх.П.