Победи на фаворитите во 8- то коло од Првата македонска фудбалска лига. Вардар како гостин со 4-0 го совлада Милано и делумично се реваншираше на кумановскиот тим за бламажата минатата година кога со 9-1 беа поразени на “Милано Арената“. Идризи и Петров на два пати ја погодија мрежата на Милано.


Металруг конечно стигна до првата победа во првенството откако со 2-1 ја совлада прилепска Победа. Стефановиќ и Велковски беа стрелци за домашните, додека почесниот гол за прилепчани беше дело на Марковиќ.

Новиот шеф на струката кај битолчнаки Наум Љамчевски дебитираше со победа под Тумбе кафе каде без поголеми проблеми беше совладан Тетекс со 3-1. Димитровски на два пати и Алтипармакоски стрелаа за радост на чкембарите, додека Реџепи само го ублажи поразот за гостите.


Со истиот резултат 3-1 Ренова ја совлада Слога и дојде на еден бод од лидерот Работнички. Уште еден натпревар на кој имаше двоен стрелец, за гипсарите два пати погоди Јанчевски. Останатите два погодоци беа дело на играчите на Слога, но погодокот на Кабала, заврши во сопствената мрежа. Идризи пак ја погоди гостинската.

Турново му го нанесе првиот пораз на Силекс во новиот шампионат совалдувајќи ги кратовци со чисти 2-0. Тенекеџиев и Андонов се запишаа во листата на стрелци.

М.П.