Фудбалерите на Шкупи го прекинаа победничкиот налет на Младост Царев Двор во Првата лига совладувајќи го во Охрид со 2-0 во осмата рунда од елитата. Триумфот на Шкупи кој стави точка на серијата од три победи на „зелено белите“ го најави Адем Ермендин со евроголот во шестата минута. Тој во леј од прва ја зафати топката која до него хируршки прецизно ја испрати дефанзивецот Димитрија Лазарески. Трите бодови за гостите од Чаир ги завери Хусеин Демири на стартот од вториот дел.

Ohridnews