Во крајно борбен, изедначен и супер неизвесен натпревар, екипите на Струга Трим Лум и Вардар ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2 (2-1) во 11-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот на Градскиот стадион „ФК Караорман“ изобилуваше со убави и фудбалски моменти, кои ја красат играта.

Стружани максимално ги искористија шансите и поведоа со 2-0, иако Вардар подобро го отвори натпреварот. За 1-0 погоди Дејан Цветаноски, додека на 2-0 зголеми Клинсман Цаке со маестрален погодок. Скопските „црвено црни“ во игра за позитивен резултат се вратија во финишот од првиот дел, кога капитенот Дарко Мицевски реализираше од белата точка. Ремито за Вардар го обезбеди Дејан Блажески кој мрежата ја погоди со голема помош на домашниот голман Уроѓ Ѓуриќ.

После изедначувачкиот погодок на Вардар на теренот настана мешаница, по која поцрвена стрелецот на голот Блажески и тренерот на голмани кај домаќините Фатмир Весели.

  • Резултати:

Струга ТЛ – Вардар 2-2

Академија Пандев – Беласица 1-2

Борец – Пелистер 3-0

Ренова – Шкендија 1-3

Работнички – Шкупи 2-2

Силекс – Македонија ЃП утре

Табела: Шкендија 25, Шкупи 23, Македонија ЃП 19 (-1), Борец 19, Струга ТЛ 16, Силекс 14 (-1), Работнички 13, Вардар 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5

OhridNews