Избраниците на охридскиот фудбалски стратег Драган Бочески забележаа победа над Македонија Ѓорче Петров со 2-1 во последниот натпревар од 22-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
„Зелено белите“ победата ја посветија на Петар Милошевски, кој трагично загина во сообраќајна несреќа. Тој фудбалските чекори ги започна токму во Битола, а сите присутни со аплауз и емоции го испратија меѓу легендите.
По триумфот над „лавовите“ фудбалерите на Пелистер се изедначија на врвот од табелата со Турново, Работнички и Вардар.
Мх.П.