Скопски Работнички со минимални 1-0 го совлада Пелистер во „европското“ дерби кое го одиграа во 26-та рунда од Првата македонска фудбалска лига во Охрид.


Човек на одлука на охридскиот стадион „Атина Бојаџи“ беше младинскиот репрезентативец Елиф Елмас кој постигна маестрален погодок во 60-та минута.


Со овој триумф „романтичарите“ се изедначија со битолчани на табелата и до крајот на првенството ќе бијат жестока битка за третата позиција која води во Европа следната сезона.

Резултати: Пелистер – Работнички 0-1, Шкендија – Победа 4-0, Шкупи – Ренова 3-2, Силекс – Македонија ЃП 4-2, Вардар – Брегалница 2-0.

Табела: Вардар 50 бодови, Шкендија 44, Работнички 36, Пелистер 36, Силекс 31, Ренова 28, Шкупи 21, Победа 18, Македонија ЃП 16, Брегалница 12. 

OhridNews