Акутелниот македонски првак Вардар се намачи за да стигне до победа на гостувањето кај Дрита. “Црвено-црните“ се радуваа на победата од 3-1 откако во првиот дел беа во негатива од 1-0. На 1-1 изедначи Костовски, потоа следуваше исклучување за домашниот фудбалер Лукиќ. Темелков ги доведе “комитите“ во водство, а Стојков ја потврди победата.

Лидер во лигата останува Турново кој славеше на гостувањето кај Силекс со 2-1. По пореден пат јунак за “турновци“ беше Блажески. Металург ремизираше на гостувањето кај фенерџијата Тетекс со 1-1. Мечот со по 10 фудбалери го завршија двата тима, по исклучувањата на Шишкоски кај Металург и Начески кај “штофарите“.

Пелистер по триумфот над Вардар, одигра без голови 0-0 на домашен терен против Брегалница, додека Шкендија со 1-0 го совлада Работнички.