Дерби средбата помеѓу водечкиот Вардар и второпласираната екипа на табелата Академија Пандев ќе ја одбележи осмата рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Судиската организација при ФФМ довербата да го суди „еден два“ дербито му ја додели на Јован Качевски. На стружанецот кој изминатава недела беше на семинар за едуцирање во УЕФА ќе му помагаат Симон Грданоски и Разме Бакрачески. Четврти судија е Албрим Шаќири.

Охринаѓецот Марјан Ецкоски задача доби да го суди мечот во Кратово, Силекс – Работнички а на Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров правдата ќе ја дели Александар Грујоски.

Натпреварите од осмата рунда се играат в недела со почеток во 15 часот.

Двојки:

Шкупи – Шкендија (Марјан Гоцевски – Струмица)

Струга Трим Лум – Македонија ЃП (Александар Грујоски – Кичево)

Вардар – Академија Пандев (Јован Качески – Струга)

Силекс – Работнички (Марјан Ецкоски – Охрид)

Ренова – Борец (Димитар Мечкаровски – Скопје)

Табела: Вардар 16, Академија Пандев 15, Македонија ЃП 11, Шкендија 10, Ренова 10, Шкупи 9, Струга Трим Лум 8, Работнички 7, Силекс 6, Борец 5

OhridNews