Без голови и без победник заврши дерби пресметката меѓу водечките екипи на табелата Вардар и Шкендија во 10-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.


На националната арена „Филип Втори“ напаѓачите немаа муниција додека за пофалба беше одбраната на двата состави која одигра феноменален натпревар.

По ремито во дербито ситуацијата на табелата не се промени и двете екипи продолжуваат со мртвата трка за шампионската титула во елитата.

Резултати : Вардар – Шкендија 0-0, Турново – Работнички 2-2, Ренова – Младост 1-0, Брегалница – Силекс 1-1, Металург – Шкупи 0-1.

Табела : Вардар 27 бодови, Шкендија 26, Силекс 17, Шкупи 14, Младост ЦД(-1) 13, Работнички(-1) 12, Брегалница 12, Ренова 12, Хоризонт Т. 10, Металург 5 бода. 

Фото : Екипа.мк

Мх.П.