Охридскиот арбитар Марјан Ецкоски ја доби првата задача во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Искусниот судија „сефте“ ќе има во Скопје на дуелот Работнички – Беласица. Асистенти ќе му бидат битолските арбитри Злате Лозаноски односно Николче Дрнковски.

Натпреварот на Националната арена „Тодор Проевски“ се игра в савота во 17 часот. Возбудувањата во Првата лига стартуваа денеска со дуелот Силекс – Пелистер.

Двојки и судии:

Силекс – Пелистер (Константин Влахо)

Работнички – Беласица (Марјан Ецкоски)

Шкендија – Струга Трим Лум (Боби Велчиков)

Борец – Ренова (Марјан Стојановски)

Академија Пандев – Вардар (Кирил Смоквоски)

Шкупи – Македонија ЃП (Марјан Младеновски)

OhridNews