На крилата од охридските фудбалери Ристе Маркоски и Сашо Ѓорески екипата на Брегалница во Штип го совлада Тетекс 4-1 во 11-та рунда од Првата лига.


Маркоски во шестата минута по асистенција на Ѓорески донесе водство за домашниот состав. Во 51-та минута Маркоски со вториот погодок го дуплира водството на штипските сини.

До крајот на мечот домашните фудбалери постигнаа уште два погодоци, а „белите“ со еден погодок колку толку го ублажија поразот.

Резултати : Шкендија – Вардар 1-2, Брегалница – Тетекс 4-1, Силекс – Металург 2-1, Пелистер – Турново 0-0, Работнички – Ренова 3-0.

Табела : Вардар 27, Работнички 19, Шкендија 18, Металург 17, Силекс 17, Пелистер 16, Х.Турново 15, Ренова 12, Брегалница 8, Тетекс 2.

Мх.П.