Екипата на Дрита со 2-1 го совлада Напредок на домашен терен и ја продлабочи минисеријата во составот на охридскиот стратег Драган Бочески.


По победата над Брегалница во првата рунда од пролетниот дел, кичевчани веќе три натпревари немаат забележано победа, а од можни девет освоија само еден.

Голот на кичевскиот прволигаш прв ја начна Нухиу во 61-та минута, фудбалерот за врска Вренцоски ги врати надежите за победа на Напредок во 73-та, а голема победа за Дрита и значајни бодови за опстанок во Првата лига донесе Барач во 75-та минута.

Резултати : Напредок – Дрита 1-2, Металург – Пелистер 1-0, Шкендија – Силекс 3-0, Х. Турново – Брегалница 2-1, Ренова – Тетекс 3-1, Вардар – Работнички 2-1.

Табела : Вардар 45 бодови, Х. Турново 43, Металург 41, Шкендија 35, Напредок 35, Ренова 34, Работнички 33, Брегалница 28, Дрита 27, Пелистер 25, Силекс 18, Тетекс 16.

Мх.П.