Пет победи во исто толку натпревари е скорот на домаќините во расцепканата 19-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.
Одличното коло за домаќините го заокружија екипите на Шкендија и Силекс кои славеа победа против Пелистер 2-0 односно Тетекс 3-1.
На мечот меѓу Шкендија и Пелистер одигран во Куманово имаше шест судии, а главен беѓе охриѓанецот Стефче Шулески.
Прв асистент на Шулески беше Жарко Тородоровски додека еден од судиите зад головите беше Марјан Ецкоски.
Резултати : Шкендија – Пелистер 2-0, Силекс – Тетекс 3-1, Работнички – Хоризонт Турново 2-0, Ренова – Брегалница 2-1, Вардар – Металург 2-1.
Табела : Вардар 44 бода, Работнички 41, Шкендија 36, Ренова 29, Силекс 28, Металург 24, Хоризонт Т. 21, Пелистер 18, Брегалница 16, Тетекс 6.