Само еден бод успеааа да извлечат гостите на натпреварите од шестото коло во Првата Македонска Фудбалска лига.

Дерби натпреварот од шестото коло им припадна на фудбалерите на Ренова кои со 1-0 го победија Милано на стадионот под “Бал Тепе“ во Тетово.
Шампионот Работнички непоразен се врати од Кратово играјки 0-0, додека победи на домашен терен забележаа Пелистер над Металург 2-0 и Победа над Хоризонт Турново 2-1. Во саботата на “Градски“ Вардар со 4-2 го совлада Напредок.

ТАБЕЛА
тим игр. поб. нер. изг. + бод.
Вардар 5 5 0 0 16 4 15
Македонија Ѓ.П. 5 3 2 0 15 4 11
Ренова 5 3 1 1 6 4 10
Работнички 6 1 5 0 6 5 8
Милано 5 2 1 2 8 7 7
Пелистер 5 2 1 2 7 8 7
Победа 6 2 0 4 5 15 6
Силекс 6 0 5 1 2 3 5
Хоризонт Турново 6 1 2 3 4 10 5
Напредок 5 0 3 2 4 7 3
Металург 6 0 2 4 2 8 2

Наредно 7 коло (28.9.2008)
 Милано – Пелистер,  Напредок – Ренова,  Македонија Ѓ.П. – Вардар,  Работнички – Победа Металург – Силекс

М.П.