Најтрофејниот клуб во Македонија, Вардар во својата богата ризница ја додаде деветтата титула од националниот шампионат.


„Црвено црните“ во третиот обид ја забележаа победата која беше неопходна за осигурување на новата титула од Првата лига.

На домашен терен без присуство на гледачи „црвено црните“ ја совладаа Ренова со 4-1 и на коло од крајот на шампионатот ги разрешија дилемите околу победникот.

Минатогодишниот првак Работнички заврши на вицешампионска позиција, а потоа следуваат Шкендија, Ренова, Силекс и Металург.

Дефинитивно во Втората лига се сели Пелистер, кој во одлучувачкиот дуел со Хоризонт Турново претрпе пораз 2-0.

Од поодамна беше јасно дека Тетекс испаѓа, но прашање беше која екипа со „штофарите“ од следната сезона ќе се натпреварува еден ранг подолу.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.