Дерби пресметката меѓу Работнички и Вардар, заврши со триумф на “црвено-црните“ кои со 2-1 го совладаа соседот. Маневски го отвори резултатот, Иваноски изедначи на 1-1, а во судиското надполнување најдобиот стрелец во тимот го комплетираше пресвртот.
Трет пораз во низа за тимот на охриѓанецот Драган Бочески, Напредок кој на домашен терен беше совладан од Брегалница. Погодокот вреден три бода го постигна Исени во вториот дел.
Металург го победи Турново со 2-1, а Ренова – Силекс со 2-0. Фенерџијата 11 Октомври извлече голем бод во дуелот со актуелниот првак Шкендија.
Во воведниот натпревар од оваа рунда Охрид со 1-0 го победи Тетекс.
Табела
Наредно коло
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com