Фудбалерите на Струга Трим Лум, в среда со почеток во 15 часот и 30 минути на домашен терен во вондредната шеста рунда ќе го пречекаат лидерот на табелата тимот на Академија Пандев.

„Црвено белите“, во трите одиграни мечеви во Струга имаат позитивен скор (две победи и реми) и гостувањето на водечката екипа ќе биде вистински празник и меч за уживање.

Правдата на дербито во Струга ќе ја дели еден од најдобрите судии Дејан Јакимоски. Асистенти на Јакимоски ќе му бидат Дејан Димитриевиќ односно Бојан Иваноски.

Охриѓанецот Марјан Ецкоски доби супер предизвик, откако е делегиран на тетовската пресметка помеѓу Ренова и Шкендија. Ецкоски со своето искуство треба да се вклопи во целокупната фудбалска претстава која се очекува во Тетово. На Ецкоски покрај аут линијата ќе му помагаат Симон Грданоски и Ацо Мацевски.

Двојки 6.рунда: Работнички – Македонија ЃП, Силекс – Борец, Шкупи – Вардар, Струга ТЛ – Академија Пандев, Ренова – Шкендија

Табела: Академија Пандев 13, Македонија ЃП 11, Вардар 10, Шкупи 8, Ренова 7, Струга ТЛ 7, Шкендија 4, Борец 4, Силекс 3, Работнички 3.

OhridNews