Фудбалскиот арбитар од Струга, Јован Качевски ќе има огнено крштевање во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако Судиската организација го делегираше за „главен судија“ на дербито помеѓу Шкупи и Шкендија во скопската населба Чаир.
Двете екипи кои ќе бидат македонски претставници во квалификациите за пласман во Лигата на Европа ќе атакуваат на позитивен резултат во дербито и успешно отворање на сезоната. Затоа, обврската и предизвикот за стружанецот ќе бидат уште поголеми. Асистенти на Качевски се Ацо Мацевски и Разме Бакрачески.
Официјален почеток новата сезона во Првата МФЛ ќе има в сабота со дуелот помеѓу Вардар – Борец. Преостанатите натпревари се играат в недела со почеток во 17 часот и 30 минути.
Двојки:
Сабота 17:30ч:
Вардар – Борец (Александар Ставрев)
Недела 17:30ч:
Шкупи – Шкендија (Јован Качевски)
Македонија ЃП – Работнички (Јосип Бартон)
Беласица – Силекс (Александар Грујоски)
Пелистер – А. Пандев (Игор Стојчевски)
Ренова – Струга ТЛ (Марјан Гоцевски)
OhridNews