Стрелец на голот за “црвено црните“ беше поранешниот репрезeнтативец Ндерим Неџипи од пенал во 42-та минута.
Мечот на “Железера“ ќе добиеше поинаков тек, ако при резултат 0-0, Мазнов го реализираше ударот од белата точка.
Натпреварот избраниците на Ѓорги Христов го завршија со девет фудбалери. На крајот од првиот дел втор жолт заработи капитенот Миле Крстев додека во второто полувреме охридскиот судија Стефче Шулески во соблекувалните го испрати Митрев.
Резултати : Тетекс – Вардар 0-0, Х. Турново – Ренова 2-0, Металург – Шкендија 0-1, Напредок – Дрита 1-1, Работнички – Силекс 1-0, Брегалница – Пелистер 1-0.
Табела: 1. Турново 29, 2. Вардар 28, 3. Шкендија 27, 4. Металург 23, 5.
Напредок 23, 6. Дрита 20, 7. Брегалница 20, 8. Ренова 17, 9. Работнички
17, 10. Силекс 12, 11. Пелистер 12, 12. Тетекс 6.