Натпреварот меѓу последните две екипи кои ја освоија титулата во Македонија требаше да се одигра во неделата, но на барање на МВР, ФФМ го презакажа за вторник во попладневниот термин.
На центарот од “Филип Втори“ ќе застане охридскиот фудбалски арбитар Марјан Ецкоски. Претходно Ецкоски беше четврти судија на дербито во Битола, Пелистер – Вардар кое заврши без победник 0-0.