По паузата поради настапот на македонската репрезентација во квалификациите за пласман на СП, викендов продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига.

На програмата се мечевите од 10-то коло, дербито ќе се одигра на „Филип Втори“, меѓу Вардар и Металург.

Актуелниот првак е лидер на табелата со само еден бод повеќе од градскиот ривал. Натпреварот, кој на програмата е во недела, поради казната што ја доби Вардар, ќе се одигра без присуство на публика.

Десеттата првенствена рунда ќе ја отворат во сабота екипите на Ренова и Брегалница.

Недела, 21. октомври:
Турново-Напредок
Тетекс-Работнички
Вардар-Металург
Дрита-Шкендија
Силекс-Пелистер

Табела: 1. Вардар 19, 2. Металург 18, 3. Хоризонт 18, 4. Шкендија 17, 5. Напредок 16, 6. Брегалница 13, 7. Дрита 12, 8. Пелистер 11, 9. Ренова 11, 10. Работнички 10, 11. Силекс 5, 12. Тетекс 3