Металург со головите на Марко Симоновски во 88-та и
90-та минута го совлада Вардар со 3-2 во дерби пресметката од 21-та
рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот
на “Железара“ во првиот половина час воопшто не наликуваше на дерби.
Теренот не дозволуваше да се игра фудбал, а акциите на двете екипи
завршуваа некаде пред казнетиот простор.

Да не биде така бледо првото полувреме се погрижи Ралевски, кој по додавањето на Игњатов, во 41-та минута погоди за 1-0.

Во второто полувреме не се промени многу во играта, но Вардар полека почна да го притиска обрачот на голот од Металург.

Во
72-та минута Вардар го изедначува резултатот откако ударот од 11 метри
во погодок го претвори Степановиќ, а го направи Далчески над напаѓачот
Костовски.

Израмнувачкиот погодок им даде крилја на “вардарци“
да постигнат уште еден гол во мрежата на Ефремов. Поранешниот
репрезентативец Ацо Стојков со глава по нафрлувањето на Степановиќ
направи комплетен пресврт.

Кога избраниците на тренерот Никола
Илиевски “Џиџи“ ги донесоа работите на свое место, Костовски направи
непромислен старт, а интернационалниот судија Ставрев го испрати во
соблекувалните.

Казната за црвениот картон ги стигна фудбалерите
на Вардар, Симоновски прво 88-та минута го израмни резултатот, а во
90-та го постигна победничкиот погодок.

Во финишот на мечот “херојот“ на Металург, Симоновски направи два жолти картони и пред време го заврши дербито на “Железара“.

Резултати
: Металург – Вардар 3-2, Напредок – Х. Турново 0-0, Пелистер – Силекс
2-1, Шкендија – Дрита 2-1. Брегалница – Ренова 0-0.

Табела
: Вардар 42 бодови, Турново 39, Металург 35, Напредок 35, Шкендија 32,
Работнички 30, Брегалница 28, Ренова 28, Пелистер 24, Дрита 24, Силекс 18, Тетекс 13.

Мх.П.