Новајлиите во Првата лига, Младост од Царев Двор и Шкупи во Охрид на Атина Бојаџи ќе ги одмерат силите во осмата рунда од фудбалската елита.
Најпријатното изненадување сезонава Младост со четири победи се наоѓа на четвратата позиција додека Шкупи ја зазаме петтата, но со четири бодови помалку од „зелено белите“.
Победничката серија на Младост и гранитната одбрана на Шкупи ветува многу на дуелот во Охрид кој ќе се одигра в недела во 15:30 часот.
Дербито на средината од табелата ќе го суди тетовскиот судија Фатон Мусфати, а негови помошници ќе бидат Небојшја Ѓоргијевски и Насуф Латифи.
Двојки : Младост – Шкупи, Вардар – Работнички, Металург – Ренова, Шкендија – Силекс, Брегалница – Турново.
Табела : Шкендија 18, Вардар 17, Силекс 13, Младост 12, Шкупи 8, Работнички 7, Турново 6, Брегалница 6, Ренова 5, Металург 2.
Мх.П.