Екипата на Шкендија претрпе убедлив пораз од Работнички 5-0 во првиот натпревар од 16-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.

Прашањето околу победникот „романтичарите“ го разрешија во првиот дел кога стекнаа предност од 3-0. Во вториот дел со уште два погодоци ставија печат на убедливата победа.

16-та рунда ќе се комплетира со натпревари Брегалница – Вардар, Гостивар – Напредок, Металург – Пелистер, Хоризонт Т. – Македонија ЃП, Ренова – Еуромилк

Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.