Фудбалерите на Металург се во победнички налет, имаат четири победи во низа, а во 26-та рунда гостуваат кај последнопласираниот Тетекс. “Штофарите“ за опстанок во елитата мораат да бркаат триумф, наспроти нив екипата на Металург нема многу опции на гостувањето кај Тетекс и ќе атакува на победа.


– Не очекува навистина тежок дуел против последнопласираниот Тетекс. Станува збор за добра екипа составена од одлични и докажани фудбалери и во други прилики би се бореле за место во Европа, а не за опстанок. Атмосферата во екипата е одлична, самодовербата е на високо ниво и сите посакуваме триумф против Тетекс за продолжување на победничката серија – рече Александар Далчески.

Двојки : Шкендија – Работнички, Тетекс – Металург, Дрита – Вардар, Пелистер – Брегалница, Силекс – Хоризонт Турново, Ренова – Напредок

Табела :

Место Екипа Одиг Поб Нер Изг Голови Бод
1 up Хоризонт Турново 25 12 11 2 35:20 47
2 up Металург 25 14 5 6 32:19 47
3 down Вардар 25 13 7 5 49:17 46
4 same Напредок 25 10 7 8 24:22 37
5 same Работнички 25 11 4 10 35:34 37
6 same Шкендија 79 25 11 6 8 42:38 36
7 same Ренова 25 10 5 10 26:32 35
8 same Брегалница 2008 25 8 6 11 25:25 30
9 up Пелистер 25 7 8 10 22:27 29
10 down Дрита 25 7 6 12 24:41 27
11 up Тетекс 25 5 5 15 16:34 20
12 down Силекс 25 5 4 16 22:43 19

Мх.П.