Екипата на Металург со 2-1 го совлада Вардар во скопската пресметка во рамките од 28-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Стоперот Митревски во финишот од првиот дел погоди за предност на Металург. Минималното водство „зелените“ го чуваа до 92-та минута кога Далчески го дуплираше, а да биде погодокот на екс фудбалерот на Охрид одлучувачки се погрожи Иваноски од пенал пред крајот на средбата.

Со погодокот против Вардар, Далчески го заокружи одличниот викенд за фудбалерите кои потекнуваат или биле дел од фудбалот во Охрид.

Мх.П.