Екипата на Младост од Царев Двор ја забележаа првата победа на гостински терен во Првата лига совладувајќи го Металург со 2-1 иначе втора вкупно во новата сезона.
Првиот погодок за „зелено белите“ го постигна фудбалерот за врска Александар Далчески кој во редовите на Младост се пресели токму од Металург.Вториот беше дело на Коњарски од слободен удар пет минути после водечкиот погодок.
Далчески и Металург неславно завршија откако двете страни не се договорија за продолжување на договорот и фудбалерот не трениираше со првата екипа шест месеци.
По завршувањето на репрезентативната пауза екипата на Младост ќе ги продолжи мечевите во Првата лига, а ќе се сретне со Силекс и Работнички во Охрид.
Мх.П.