Последнопласираниот тим во Првата македонска фудбалска лига Тетекс е најактивен во зимскиот преоден рок, наспроти Вардар кој направи место за нови засилувања.

“Штофарите“ опстанок во втората полусезона ќе бркаат со осум нови фудбалери во своите редови : Филип Петкоски, Филип Дурански, Александар Крстески, Златко Ристов, Ванче Манчевски, Генц Исени, Дарко Мицевски и Роберт Лазаревски. Клубот од Тетово го напуштија шест играчи : Ристо Митревски, Кирил Трајкоски, Марјан Билбиловски, Душко Трајчески, Немања Ѓуровиќ и Лазе Грбашлиев.

Од дресот на македонскиот првак се збогуваа тројца фудбалери корпулетниот Благоја Гешоски, Александар Бошковски и Игор Стојаковиќ, а ново име во Вардар е 29 годишниот голман Дејан Милиќ.

Пред трансфер во Вардар се Филип Најдоски од Напредок, поранешниот репрезентативец Влатко Гроздановски и напаѓачот Александар Бајевски.

Мх.П.