Битолскиот прволигаш Пелистер се ослободи од четири фудбалери, а меѓу нив е и охриѓанецот Дејан Лескароски, кој веднаш се пресели во Еуромилк.
Чистката во Пелистер покрај Лескароски го зафати братскиот тандем Менде и Кирил Степаноски и офанзивниот фудбалер Благојче Маркоски.
Одлуката за ослободување на фудбалерите посебно на дефанзивците Степаноски и Лескароски зачудува бидејќи тие беа столб на екипата оваа и минатата сезона.
Избраниците на охридскиот фудбалски стратег Драган Бочевски по пет одиграни натпревари имаат две победи, три реми, еден пораз и со девет бодови се наоѓаат на петтата позиција на табелата.
Мх.П.