Но, овој резултат воопшто не е лош за кичевчани откако со фудбалер помалку останаа уште во првата минута од натпреварот. Главниот арбитар Мечкароски предвреме во соблекувалните го испрати дефанзивецот Александар Василев.
На крајот од натпреварот Костенчев додели уште три црвени картони. Во гостинската екипа поцрвенаа Петрески и Симјаноски додека во домашниот состав црвен картон заработи Георгиев.
Во тетовското дерби Тетекс беше поуспешен од Шкендија 2-1 додека во Штип, Брегалница и Вардар ремизираа 1-1.
Резултати : Ренова – Работнички 0-2, Брегалница – Вардар 1-1, Силекс – Напредок 0-0, Тетекс – Шкендија 2-1, Дрита – Металург одложена, Пелистер – Х. Турново одложена
Табела : Вардар 46 бодови, Х. Турново 43 (-1), Металург 41 (-1), Работнички 36, Напредок 36, Шкендија 35, Ренова 34, Брегалница 29, Дрита 27 (-1), Пелистер 25 (-1), Силекс 19, Тетекс 19.