Штипскиот прволигаш Брегалница забележа искучително важна победа на гостувањето во Тетово над Шкендија со 2-0.

Едни од подобрите во тимот на Брегалница беа охриѓани Сашо Ѓорески и Ристе Маркоски кои ги одиграа сите деведесет минути.

Маркоски во финишот на мечот имаше фантастичен обид со лоб удар да го совлада Јованоски, но гредата беше сојузник на тетовскиот голман.

Идентична победа како и Брегалница славеше и Вардар на гостувањето во Гостивар кај истоимената екипа.

Мх.П.