На “романтичарите“ им беа потребни 15 миниту да ја запрат штипска Брегалница. Прв мрежата ја начна Тодоровски во 23-та, предноста ја дуплираше Зајков додека точка на победата стави Спироски. Почесниот погодок за “сините“ го постигна Митров во 66-та минута од натпреварот.
Последното коло од есенскаката полусезона ќе се комплетира в недела со натпреварите Напредок – Металург, Вардар – Силекс, Тетекс – Силекс, Хоризонт Турново – Дрита.