Без голови и без победник заврши натпреварот меѓу Брегалница и Вардар одигран во Штип во рамките од 22-та рунда во Првата фудбалска лига.


Охриѓанецот во редовите на штипските сини Сашо Ѓорески ги одигра сите деведесет минути во ремито кое го донесе 19-от бод за неговата екипа сезонава.

Резултати : Брегалница – Вардар 0-0, Тетекс – Работнички 1-2, Силекс – Шкендија 0-3, Пелистер – Х. Турново 0-1, Ренова – Металург 2-0.

Табела : Вардар 49, Работнички 48, Шкендија 40, Ренова 36, Силекс 30, Металург 26, Турново 25, Брегалница 19, Пелистер 19, Тетекс 9.

Фото : Екипа.мк
Мх.П.