Брегалница со победата над Милано од 2-1 во баражот ја комплетираше елитата во првата македонска фудбалска лига.


Мрежите во првото полувреме мируваа, први ја “начнаа“ Брегалница во 72-та минута преку Димовски, радоста кратко траеше откако Стојановски во 76-та израмни и ги постави конечните 1-1. Последниот патник во елитното друштво се дозна по продолженијата, Новаков во 110-та минута погоди од белата точка за заверување на картата за прволигашки фудбал во Штип.


Во наредната сезона во првата македонска фудбалска лига ќе се натпреваруваат шампионот Ренова, вицепрвакот Работнички, освојувачот на купот Тетекс, Металург, Пелистер, Силекс, Хоризонт Турнуво и Вардар додека пласман од втората лига обезбедија Скопје, Шкендија, Напредок и Брегалница.

ohridnews