Прекинатиот меч во Ѓорче Петров помеѓу Тетекс – Шкендија е регистриран со службени 3-0 за “штофарите“. 

Тетовското дерби кое се одигра на стадионот Ѓорче Петров не го дочека својот крај. Фудбалерите на Шкендија по примениот погодок одлучија да го напуштат теренот откако на теренот влегоа навивачите на Тетекс да го прослават голот за предност на Начевски.

ФФМ дополнително ќе донесе одлуки за слабата организација на Тетекс и напуштањето на теренот од страната на Шкендија.

Во одлуката на ФФМ стои :

1. Прекинатиот првенствен натпревар од 18 коло на прва МФЛ помеѓу:Ф.К.Тетекс-Ф.К.Шкендија се регистрира со службен резултат 3:0 за Ф.К.Тетекс (поради предвремено напуштање на терен на екипата на Ф.К.Шкендија во 86 минута).

2. Ф.К.Шкендија од Тетово се предава на Дисциплинската комисија на ФФМ поради предвремено напуштање терен во 86 минута од натпреварот со што е предизвикан прекин на натпреварот.

3. На Дисциплинска комисија на ФФМ поради предвремено повлекување на екипата на Ф.К.Шкендија од Тетово (86 минута ) од терен и предизвикување на  прекин на натпреварот се предаваат:

– Претставникот на Ф.К.Шкендија

– Шефот на стручниот штаб на Ф.К.Шкендија од Тетово

– Капитенот на Ф.К.Шкендија од Тетово

4. Ф.К.Тетекс од Тетово поради слаба организација на натпреварот (влегување на неслужбени лица на терен и фрлање на пиротехнички средства) .

Мх.П.