Без победник 0-0 заврши вечното дерби од Првата МФЛ во Битола. Пелистерци беа тие кои успеаја да ја затресат мрежата но од недозволена позција. Натпреварот кој помина во знак на пресметките на навивачките групи, не понуди кавалитетен фудбал туку само повремени возбудувања, премалку за да го оправда епитетот дерби.
Тимот на Бочески , Напредок без помош на публиката ремизираше 1-1 со Милано, со идентичен резултат 1-1 заврши мечот Металург – Македонија, најефикасно се играше во Прилеп каде фудбалерите на Победа и Ренова постигнаа четири погодоци но мечот заврши без победник 2-2. Единствено Турново се радуваше на три бода во дуелот со Силекс откако го совлада со 1-0.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com