Во 21-та рунда од Првата македонска фудбалска лига на националната арена „Филип Втори“ се игра големото дерби меѓу скопски Вардар и битолски Пелистер.

Избраниците на охридскиот стратег Драган Бочески со пораз од Работнички го започнаа продолжението од првенството додека Вардар со минимални 1-0 славеше на гостувањето во Кичево.

Вардар пред дербито на Македонија е лидер на табелата, но не секогаш победува екипата со подобар пласман во пресметките меѓу двата лути ривали.

Двојки : Вардар – Пелистер, Брегалница – Работнички, Турново – Металург, Ренова – Гостивар, Еуромилк – Шкендија, Македонија ЃП – Напредок.

Табела : Вардар 37, Турново 34, Работнички 34, Пелистер 34, Металург 33, Ренова 27, Еуромилк 26, Шкендија 26, Брегалница 25, Македонија ЃП 19, Напредок 13, Гостивар 11.

Мх.П.