Охридскиот фудбалски стратег Драган Бочески со победа дебитираше на клупата од Пелистер. Во првата рунда “зелено белите“ пред своите гледачи со минимални 1-0 го совладаа новајлијата во елитата Еуромилк.


„Млекарите“ долго време оддолевеа на нападите од битолчани. Одлуката за победникот на натпреварот падна во 70-та минута кога дефанзивецот Христијан Драгарски ја погоди мрежата на скопјани што се покажа како пресуден момент.

На останатите натпревари за одбележување е убедливата победа на Хоризонт Турново 3-0 на гостувањето кај Шкендија.

Дерби пресметката Металург – Работнички која ја водеше охридскиот арбитар Марјан Маркоски заврши без победник и без голови 0-0.

Резултати : Пелистер – Еуромилк 1-0, Шкендија – Х. Турново 0-3, Гостивар – Брегалница 0-1, Напредок – Ренова 1-1, Металург – Работнички 0-0, Вардар – Македонија ЃП

Мх.П.