Избраниците на охридскиот фудбалски стратег Драган Бочески на еден од најзначајните натпревари сезонава во Првата лига нема да имаат поддршка од „Чкембарите“.
„Зелено белата“ армија навивачи во текот на целата сезона се неизбежен декор од натпреварите на Пелистер, а преку соопштение се огласија дека нема да патуваат во Скопје на дуелот со Вардар.
Пелистер заедно со уште четири екипи се бори за титулата, а секој освоен бод особено од дерби пресметките е чекор напред кон освојувањето на титулата.
Мх.П.