Почетокот од соништата на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига продолжува откако во дербито на колото со 3-0 го „преслушаа“ составот на Работничи.
И двете екипи на мегдан во Битола излегоа без пораз, но „зелено белите“ ќе останат на таков скор одржувајќи му вистинска лекција на тимот од Дебар маало.
Антонио Бујчевски со гол во првиот дел ја најавија победа, а ја запечатија Петар Љамчевски и Родригез со погодоци во второто полувреме.
Резултати: Пелистер – Работнички 3-0, Вардар – Брегалница 5-1, Силекс – Македонија ЃП 1-1, Шкупи – Ренова 0-0, Шкендија – Победа одложена.
Табела: Пелистер 10, Вардар 10, Работнички 9, Силекс 7, Ренова 5, Шкендија 3 (-2), Шкупи 2 (-1), Македонија ЃП 2, Брегалница 1, Победа 0 (-1).
OhridNews