Фудбалерите на Струга Три Лум забележаа нова победа во прволигашката конкуренција откако на домашен терен со 3-0 (2-0) го совладаа составот на Беласица.
Стружани улогата фаворит ја потврдија уште на стартот од натпреварот постигнувајќи два погодоци. Прецизни беа Нијас Лена од пенал и Филип Миленковски од игра.
„Црвено белите“ продолжија со уверливата игра. Шансите пред голот на Беалсица се редеа како на филмска лента. Во продолжението од мечот, домаќините погодија уште еднаш преку Флорент Османи, а во меѓувреме Фљамур Таири не реализираше од белата точка.
Со триумфот и трите бодови, Струга Трим Љум се искачи во горниот дел од табелата, додека Беласица со еден бод останува на дното.
Во следната рунда Струга Трим Љум гостува кај тимот на Работнички.
- Резултати:
А. Пандев – Шкупи 0-1
Борец – Македонија ЃП 2-1
Ренова – Пелистер 0-0
Силекс – Работнички 4-3
Струга Трим Љум – Беласица 3-0
Вардар – Шкендија 1-5
Табела: Шкендија 21, Шкупи 19, Македонија ЃП 16, Борец 15, Силекс 14, Струга Труга Трим Љум 14, Работнички 11, Пелистер 11, Вардар 11, Ренова 7, А. Пандев 7, Беласица 1.
OhridNews